Компанијата тврди дека спроведувањето на одлуките би барало споделување на историјата на пребарув. Компанијата тврди дека спроведувањето на одлуките би барало споделување на историјата на пребарување на корисниците без доволно силна анонимизација, како и ослабување на некои безбедносни заштити на Android уредите, објави Ројтерс. „Луѓето го користат пребарувањето за нивните најлични прашања, од здравствени проблеми до интимни врски“, рече директорот за конкурентски прашања на Гугл , Оливер Бетел, оценувајќи дека споделувањето на такви податоци без соодветни заштитни мерки може трајно да ја загрози приватноста на корисниците.