Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Во судир на два патнички воза утрово во близина на Главната железничка станица во Прага, повредени се 34 патници, од кои неколкумина се здобиле со тешки повреди и се пренесени во болници во Прага, соопштија железничката администрација и Службата за итни случаи во чешката престолнина.
„Два локални воза се судрија челно околу 7 часот наутро на железнички надвозник над прометна улица во центарот на Прага во близина на Главната железничка станица.