Среде рамнините на Внатрешна Монголија, на северот на Кина, никнуваат блокови од огромни дата центри, нови и оние што се во изградба, опкружени со полиња со сончоглед и сирак, пишува Си-Ен-Ен во репортажата од градот Уланкаб. Во овој град, кој има помалку од два милиони жители, планирана е изградба на речиси 90 дата центри. Брзината на изградбата најдобро се гледа на примерот на индустриската зона Бајин, чиј најголем дел бил изграден за само две години.