Земјите членки на Европската Унија ги договорија условите за доделување 6,6 милијарди евра од Европскиот инструмент… Земјите членки на Европската Унија ги договорија условите за доделување 6,6 милијарди евра од Европскиот инструмент за мировна помош за Украина, објави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас. „Ова се добри вести за Украина, а лоши за Русија“, објави Калас на платформата „Икс“ (X). Износ од 900 милиони евра е наменет за Мисијата на ЕУ за воена помош на Украина, а една милијарда евра за нова заедничка набавка на воена опрема. Износ од 4,7 милијарди евра ќе послужи за надомест на трошоците на земјите членки, при што некои од нив веќе најавија дека својот дел директно ќе го пренасочат кон Украина.