На хималајскиот регион во следните години му се закануваат сè поголеми и поразорни поплави предизвикани од топењето и уривањето на глечерите, предупреди висока претставничка на Обединетите нации по минатонеделната катастрофална поплава во Непал, во која бројот на загинати надмина илјада. Кани Вигнараџа, помошничка на генералниот секретар на ОН и регионална директорка на Програмата за развој на ОН (УНДП) за Азија … На хималајскиот регион во следните години му се закануваат сè поголеми и поразорни поплави предизвикани од топењето и уривањето на глечерите, предупреди висока претставничка на Обединетите нации по минатонеделната катастрофална поплава во Непал, во која бројот на загинати надмина илјада. Кани Вигнараџа, помошничка на генералниот секретар на ОН и регионална директорка на Програмата за развој на ОН (УНДП) за Азија и Пацификот, изјави дека идните глечерски поплави би можеле да загрозат милиони луѓе кои живеат покрај големите хималајски реки.