Планот на САД да го забрани извозот на дизел гориво во период од 90 дена би можел значително да влијае врз европските пазари, а Европската Унија веќе преговара со администрацијата на Белата куќа за повлекување на забраната, тврдат претставници на извршниот орган на ЕУ. „Европската Унија со загриженост ги следи информациите дека САД планираат да Планот на САД да го забрани извозот на дизел гориво во период од 90 дена би можел значително да влијае врз европските пазари, а Европската Унија веќе преговара со администрацијата на Белата куќа за повлекување на забраната, тврдат претставници на извршниот орган на ЕУ. „Европската Унија со загриженост ги следи информациите дека САД планираат да го забранат извозот на дизел гориво, вклучително и кон ЕУ“, изјави пред новинарите портпаролот на Европската комисија Олаф Гил, одговарајќи на прашање на „Politico“. Тој додаде дека „секое прекинување би можело негативно да влијае врз двете страни“. Во тој контекст, „контактите на високо ниво меѓу ЕУ и американската администрација продолжуваат“, а Унијата очекува „блиските партнери да се консултираат меѓусебно пред да преземат мерки што влијаат врз заедничките пазари“, додаде тој.