Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Хакиран е централниот регистар со списокот на лица и нивните адреси во Данска, што овозможи пристап до податоците на 8,8 милиони лица, објави денеска данското Министерство за дигитализација.
„„Националниот орган за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица добиле нелегален пристап до имињата, адресите и CPR броевите (еквивалентни на броевите на социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани лица (живи, починати, кои емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението.