Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200 милиони долари на штета на американската влада, вклучувајќи лажни договори и недвижнини. Според спогодбата за признавање вина, Дејвид Раш (49) мора да ѝ исплати отштета на владата и да се откаже од луксузни имоти, автомобили, часовници и други средства поврзани … Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом , призна дека извршил измама тешка 200 милиони долари на штета на американската влада, вклучувајќи лажни договори и недвижнини. Според спогодбата за признавање вина, Дејвид Раш (49) мора да ѝ исплати отштета на владата и да се откаже од луксузни имоти, автомобили, часовници и други средства поврзани со неговите кривични дела, пренесува Би-би-си . Раш исто така призна дека открил доверливи информации на странска влада – чин што можел да предизвика „тешка штета“ по националната безбедност.