Танкер бил погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина, соопшти синоќа Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), повикувајќи се на капетанот на бродот, пренесе ДПА. УКМТО на Икс наведе дека нападот, што се случил вчеравечер, предизвикал пожар во машинското одделение. Првичните извештаи покажуваат дека во нападот нема повредени лица, пренесува германската агенција.