Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот, Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот, со епицентар во областа Каракопру во регионот Шанлиурфа, имал магнитуда од 5,4 и бил регистриран во 10:40 часот по локално време. Земјотресот бил почувствуван во Шанлиурфа, како и во Адијаман, Газиантеп, Дијарбакир, Елазиг и многу околни провинции, објави „Ен Сон Хабер“ (En Son Haber). Земјотресот предизвика краткотрајна паника во Шанлиурфа, а како што пренесе gazeteipekyol.com, по потресот, некои граѓани ги напуштија своите домови и работни места и излегоа на улиците од претпазливост. На 6 февруари 2023 година, разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, предизвикувајќи катастрофални штети и загуба на повеќе од 53.000 човечки животи.