Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Светската здравствена организација (СЗО) чека официјален одговор од руските власти во врска со смртта на лаборантката од Сибир, поради сомнежи за можна зараза со белодробна чума, додека засега не е потврдена дијагноза и ризикот за јавното здравје не е целосно проценет.
„Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт предизвика сомнежи за можна зараза со белодробна чума . Од СЗО велат дека засега нема потврдена дијагноза и дека сè уште не располагаат со доволно информации за целосно да го проценат ризикот по јавното здравје . Руските власти претходно соопштија дека по испитувањето на лицата кои биле во контакт со починатата вработена во Иркутскиот институт за истражување на чума не откриле знаци на заразна болест.