Владата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му продаде на Израел пакет муниција во вредност од 2,8 милијарди долари, кој вклучува десетици илјади високоразорни бомби од 900 килограми, според изјава на американски функционер запознаен со продажбата. Планираниот договор, за кој неофицијално се известени комисиите на Конгресот задолжени за надзор на големите продажби на оружје, опфаќа 20.000 бомби од типот … Владата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му продаде на Израел пакет муниција во вредност од 2,8 милијарди долари, кој вклучува десетици илјади високоразорни бомби од 900 килограми, според изјава на американски функционер запознаен со продажбата. Планираниот договор, за кој неофицијално се известени комисиите на Конгресот задолжени за надзор на големите продажби на оружје, опфаќа 20.000 бомби од типот МК-84 и 20.000 бомби од типот БЛУ-117, изјави функционерот, кој сакаше да остане анонимен.