Претседателот на бугарската партија ВМРО-БНД и поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, во чиј… Претседателот на бугарската партија ВМРО-БНД и поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, во чиј мандат беше потпишан Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, упатил покана до премиерот Христијан Мицкоски да присуствува на свеченото дочекување на посмртните останки на цар Самуил, што ќе се одржи на 3 октомври 2026 година во Софија. Според лидерот на бугарското ВМРО, учеството на македонскиот премиер на оваа церемонија би било од особено значење – не само како знак на почит кон една од најзначајните личности во, како што вели, нашата заедничка средновековна историја, туку и како можност да се потврди посветеноста на Република Бугарија и Република Македонија за добрососедство, почитување на историското сеќавање и спроведување на обврските преземени меѓу двете земји со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 1 август 2017 година. Бугарската влада вчера соопшти дека е постигнат договор со Грција за враќање на тлените останки на цар Самуил.