Македонија и Саудиска Арабија располагаат со значителен потенцијал за продлабочување на економската и политичката соработка, особено во инвестициите, енергетиката, туризмот, земјоделството, технологијата и трговијата. Олеснувањето на визниот режим и воспоставувањето директна воздушна врска би придонеле за развој на туризмот, деловната соработка и контактите меѓу граѓаните на двете земји. Ова било истакнато на средбата меѓу претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателот на Советот на Шурата на Саудиска Арабија, Абдула бин Мохамед бин Ибрахим Ал Ал-Шеик, одржана во рамките на официјалната посета на македонската собраниска делегација на Ријад.