Просечниот број на следените популации на диви 'рбетници е намален за 73 отсто во текот на изминатите 52 години. Сепак, примерите за обновување кај зелените морски желки, сината туна, тигрите и африканските слонови покажуваат дека мерките за заштита на природата даваат резултати, според извештајот „Жива планета 2026“ ( Living Planet Report 2026 ) објавен од Светскиот фонд за природа (СФП). Извештајот „Жива планета“, изготвен од британското „Зоолошко друштво на Лондон“, ги следи 35.803 популации од 5.790 видови 'рбетници - од 1970 година досега. Така, најголемо опаѓање е забележано во слатководните екосистеми (85 отсто), по што следат копнените (69 отсто) и морските екосистеми (59 отсто), пренесува „Дер шпигел“.