Шест месеци по преминувањето на четиридневна работна недела, вработените во експериментални програми од шест земји изјавија дека се чувствуваат физички и ментално подобро и дека имаат помала веројатност да доживеат прегорување на работа. Четиридневната работна недела би можела да го подобри здравјето на луѓето и да го намали ризикот од „прегорување“, според резултатите од пилот-проект спроведен во Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Велика Британија и Соединетите Американски Држави. Сè поголем број земји, вклучувајќи ги Полска, Исланд, Германија и Португалија, експериментираат со пократко работно време за да одговорат на зголемената депресија, анксиозност и „прегорување“ кај вработените.