Рожер Федерер како еден од организаторитен на Лејвер Купот ја пречека тениската елита во Лондон, а пред да почнат возбудувањата кои се закажани од утре до недела, Швајцарецот даде одговор на едно интересно прашање кое му беше поставено од „ТНТ Спортс“ Еден од најголемите играчи на сите времиња нема изразит фаворит меѓу тројцата кои моментално доминираат во светскиот тенис, но сепак бидејќи новинарот инсистираше да избере еден кој е најдобар во моментов, Федерер го издвои Јаник Синер поради константноста. Пред да се повреди и да го пропушти Ју-Ес Опен, Синер доминираше на Мастерс турнирите и го освои Вимблдон, па за негоа тоа се доволно добри аргументи за да се каже дека е најдобар во 2026-та година. Од друга страна, Карлос Алкарас поради повреда пропушти четири месеци, додека Саша Зверев освои две грен слем титули и профитираше од повредите на двајцата ривали.