Дебатата за тоа што гостите смеат да земат од својата хотелска соба трае со години, а „Дејли меил“ ги разложи предметите што смеат да се земат и оние за кои може да ви се наплати дополнително. Според експертите од туристичката и хотелската индустрија, гостите лесно можат да земат тоалетни производи за еднократна употреба, кесички чај, кафе и слични мали предмети што се менуваат за секој нов гостин. Правилото е едноставно: ако нешто е оставено за менување за секој гостин, како што се тоалетни производи, кесички чај или влечки, тогаш можете да го земете, вели портпаролката на Hotels.com, Мелани Фиш.