Мерката не се однесува само на малолетници, туку беше воведена по немирите што избувнаа за време. Мерката не се однесува само на малолетници, туку беше воведена по немирите што избувнаа за време на викендот на маргините на протестите што се одржаа низ цела Франција, објави АП. Градоначалникот на Париз , Емануел Грегоар, изјави претходно денес дека насилството, грабежите и палењето на јавни згради ќе продолжат во Франција сè додека владата не даде политички одговор на кризата. Обраќајќи се пред граѓаните собрани пред Градското собрание, тој рече дека е потребно да се направи план и да се разговара со средношколците и студентите кои протестираат низ целата земја во последните недели, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем, објави „Ле Фигаро“.