Јапонија ја зголеми таксата за постојан престој за странски државјани за дваесет пати; од денес, таа изнесува 200.000 јени (приближно 1.270 долари). За апликантите се воведени и нови, построги критериуми во однос на приходите, придонесите за пензиско осигурување и познавањето на јапонскиот јазик. Претходно оваа недела пред канцелариите за имиграција се создадоа долги редици бидејќи многумина сакаа да ги поднесат … Јапонија ја зголеми таксата за постојан престој за странски државјани за дваесет пати; од денес, таа изнесува 200.000 јени (приближно 1.270 долари). За апликантите се воведени и нови, построги критериуми во однос на приходите, придонесите за пензиско осигурување и познавањето на јапонскиот јазик. Претходно оваа недела пред канцелариите за имиграција се создадоа долги редици бидејќи многумина сакаа да ги поднесат своите барања пред поскапувањето; во главната канцеларија во Токио, времето на чекање надминуваше седум часа, пренесува Би-Би-Си. Повисоките такси се дел од низата промени во имиграциската политика спроведени од владата на премиерката Санае Такаичи.