Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги отк. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги откри деталите од разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, наведувајќи дека страните разговарале за широк спектар прашања. Според неа, разговорот, кој се одржа во средата во Њујорк на маргините на неделата на состаноци на високо ниво во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, бил значаен, пренесува „РИА Новости“.