Кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, и лидерот на радикалната левица, Жан-Лук Меланшон, ја зголемија… Кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, и лидерот на радикалната левица, Жан-Лук Меланшон, ја зголемија предноста пред останатите кандидати за претседателските избори во Франција. Според анкетата објавена во понеделникот, тие двајца би се соочиле во вториот круг во сите тестирани сценарија, пренесува Ројтерс . Анкетата за телевизијата М6 (M6) и радиото РТЛ (RTL), во периодот од 5 до 8 октомври, ја спроведе агенцијата „Толуна Харис интерактиве“ (Toluna Harris Interactive) на примерок од 2.004 запишани гласачи. Според извештајот на агенцијата, Ле Пен во првиот круг, зависно од сценариото, би освоила меѓу 35 и 37 отсто од гласовите.