British Broadcasting Corporation (BBC) побара од судот да го задолжи американскиот претседател Доналд Трамп да даде исказ во судскиот спор за клевета што тој самиот го покрена против медиумската куќа, барајќи отштета од 10 милијарди долари (8,6 милијарди евра). Адвокатите на Трамп првично се согласија исказот да биде земен на 16 октомври, но подоцна побараа одложување за јануари, пренесува „Еуроњуз“. … British Broadcasting Corporation (BBC) побара од судот да го задолжи американскиот претседател Доналд Трамп да даде исказ во судскиот спор за клевета што тој самиот го покрена против медиумската куќа, барајќи отштета од 10 милијарди долари (8,6 милијарди евра). Адвокатите на Трамп првично се согласија исказот да биде земен на 16 октомври, но подоцна побараа одложување за јануари, пренесува „Еуроњуз“. Во поднесокот до судот, правните застапници на BBC наведуваат дека, и покрај тоа што процесот на прибирање докази трае речиси осум месеци и веќе се сослушани седум сведоци, тие сè уште немаат добиено исказ од клучната личност.