Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање заеднички стратешки резерви на природен гас, поради стравувањата дека Европа би можела да се соочи со недостиг во текот на зимата, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломати и претставници на ЕУ. Европските складишта за гас годинава се на рекордно ниско … Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање заеднички стратешки резерви на природен гас, поради стравувањата дека Европа би можела да се соочи со недостиг во текот на зимата, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломати и претставници на ЕУ. Европските складишта за гас годинава се на рекордно ниско ниво. Високите летни цени, предизвикани од војната во Иран, ја намалиле исплатливоста на складирањето гас за комерцијалните компании, поради што Унијата влегува во зимскиот период со недоволни резерви. Фон дер Лајен го претставила предлогот на самитот на европските лидери во Брисел.