Моќен циклон од Атлантскиот Океан се приближува кон Западна Европа, каде што се очекуваат урагански налети на ветер, обилни врнежи и можни нарушувања во сообраќајот. На Западна Европа ѝ се заканува силно невреме, а метеоролозите предупредуваат дека налетите на ветер во одредени области би можеле да достигнат дури 150 километри на час. Најзагрозени се бреговите на Франција и Велика Британија, каде што се очекуваат урагански налети на ветер, кои можат да предизвикаат сериозна материјална штета, прекини во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија.