Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на европските градови вчера, во нов бран демонстрации што ги зафати Франција, Италија, Албанија, Шпанија и Португалија. Во Париз, Рим, Торино, Болоња, Тирана и Барселона дел од собирите прераснаа во судири со полицијата, а стотици лица беа приведени или уапсени. Зад истовремените протести, сепак, не стои една единствена причина ниту една европска организација.