Светот остана без една од своите најпознати природни скулптури откако моќниот морски лак Холеи, кој им пркосеше на морските струи и силните ветрови повеќе од пет века на јужниот брег на Големиот Остров на Хаваите, целосно се урна и исчезна во длабочините на Тихиот Океан. Камената базалтна формација висока речиси 28 метри падна како последица на континуирани сеизмички потреси и разорното дејство на големите океански бранови, соопштија официјалните претставници на Службата за национални паркови на САД (NPS). https://www.youtube.com/watch?v=St-Ip69Wvjk. Историјата на импозантното природно пристаниште Холеи траеше околу 550 години.