Министерството за одбрана на САД ги прогласи културните центри на универзитетските кампуси финансирани од Кина,а познати како Институти Конфучие, за закана за националната безбедност на САД, изјави министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет. Во видео објавено на социјалните мрежи, Хегсет тврди дека Институтите Конфучие на американските универзитети работеле тајно и дека Пентагон ги вклучил во списокот на институции што ја загрозуваат националната безбедност на САД. „Се покажа дека на 30 универзитети се појавиле 80 нови пропагандни ќелии, користејќи различни имиња и статути, но со иста цел: кражба на интелектуална сопственост и инфилтрирање во умовите на американските студенти“, рече Хегсет.