Ракети го погодија Киев во раните утрински часови денеска, а Украина испрати стотици беспилотни летала кон Москва во текот на ноќта, додека двете страни продолжија со напади и покрај најновите обиди за посредништво на САД за завршување на војната. Руските напади повредија 15 лица и ја оштетија инфраструктурата на метрото на Јужниот мост над реката Днепар во Киев, а воедно го ограничија и сообраќајот во тој дел. Најновите напади доаѓаат откако американскиот претседателски претставник Стив Виткоф оваа недела разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и претседателот на Русија, Владимир Путин, за да посредуваат за завршување на конфликтот.