Оперативците на Републиканската партија кои се блиски до претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Џејмс… Оперативците на Републиканската партија кои се блиски до претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Џејмс Блер и Крис Ласивита, се најдоа во голем проблем откако беше откриено дека работеле на кампањата за СНСД и претседателот на оваа партија, Милорад Додик. Како што пишува Политико, оваа работа би можела скапо да ги чини. Двојцата најблиски стратези на Трамп, кои требаше да го спасуваат републиканското мнозинство во Конгресот, се најдоа под оган на сопствената партија бидејќи пред изборите во Босна и Херцеговина ги советувале Додик и неговиот СНСД, додека во Вашингтон „гореше“ поради кампањата за претстојните избори.