Радикалните групи имаат намера да го искористат Авганистан како упориште за закани кон Русија, изјави рускиот… Радикалните групи имаат намера да го искористат Авганистан како упориште за закани кон Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „РИА Новости“. „Радикалите сакаат да го искористат Авганистан како своевидна одскочна даска за пренесување на терористичките активности и во Централна Азија и во Руската Федерација“, рече Лавров на пленарната седница на конференцијата на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Заедницата на независни држави (ЗНД) и Шангајската организација за соработка (ШОС). Како што наведе, Москва и понатаму ќе му дава хуманитарна помош на Авганистан во рамките на своите можности, додека „Исламската држава“ се обидува да ги поткопа напорите на властите во Кабул за стабилизирање на состојбата во земјата. Лавров истакна дека Русија целосно го дели ставот дека Авганистан треба да биде независна, единствена и мирна држава, ослободена од војна и дрога.