Кинеската комунистичка партија денеска започна четиридневен состанок на највисоките функционери, со цел усвојување конкретни мерки за „целосно и ригорозно самоуправување на Партијата“, додека претседателот Си Џинпинг се обидува да ја зацврсти својата власт и да наметне идеолошко единство. Си го извести Централниот комитет за нацрт-документот кој, според државната новинска агенција Синхуа, се осврнува на предизвиците со кои се соочува Партијата – вклучително и зајакнување на управувачките капацитети и борбата против корупцијата, прашање на кое претседателот посвети посебно внимание во текот на својот мандат. Спроведувањето на клучните одлуки и планови на Централниот комитет не смее да се сведе на празна реторика, се наведува во коментарот на државната новинска агенција.