Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја поддржа Украина во врска со нападите врз руските енергетски објекти, наведувајќи дека е „правилно, разбирливо и оправдано“ украинските сили да вршат напади што ќе ја попречат способноста на Русија да води војна. Мерц, на прес-конференција по завршувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, изјави дека не гледа „никаква подготвеност од руска страна … Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја поддржа Украина во врска со нападите врз руските енергетски објекти, наведувајќи дека е „правилно, разбирливо и оправдано“ украинските сили да вршат напади што ќе ја попречат способноста на Русија да води војна. Мерц, на прес-конференција по завршувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, изјави дека не гледа „никаква подготвеност од руска страна да се стави крај на војната“ и дека затоа ги поддржува украинските напади што ги нарушуваат руските комуникации и снабдувањето со енергија, објави „Скај њуз“.