Чешката владејачка коалиција во раните утрински часови, во 4:36 часот, го изгласа во прво парламентарно читање предлогот за промена на финансирањето на јавните медиуми, и покрај предупредувањата дека новиот модел може да ја загрози нивната независност. Предлогот на популистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, која ја поддржува крајнодесничарската партија СПД, предвидува укинување на задолжителната месечна претплата за домаќинствата, која изнесува 205 круни, односно околу девет евра. Наместо преку претплата, јавните медиуми би се финансирале директно од државниот буџет.