Американскиот производител на соларни панели „Фрст Солар“ поднесе тужба против кинеската „Џеј Еј Солар“ и компанијата „Американ Панел… Американскиот производител на соларни панели „Фрст Солар“ поднесе тужба против кинеската „Џеј Еј Солар“ и компанијата „Американ Панел Солушнс“, која е во сопственост на „Корнинг“, обвинувајќи ги за повреда на американски патент поврзан со производство на високоефикасни соларни ќелии. Тужбата е поднесена пред федералниот суд во Делавер и се однесува на технологијата TOPCon, односно технологија со пасивиран контакт преку тунелски оксид, која денес широко се користи во производството на соларни панели со кристален силициум. „Фрст Солар“ тврди дека двете компании произведувале, увезувале и продавале соларни ќелии и модули со производни процеси опфатени со нејзиниот патент.