Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Земјите членки на групацијата Квад – САД, Јапонија, Австралија и Индија – денеска започнаа заедничка поморска воена вежба насловена „Малабар“ во водите во близина на регионот Канто, во околината на Токио, соопштија јапонските поморски сили.
„Во соопштението се наведува дека четирите земји настојуваат да ја зајакнат меѓусебната соработка преку заедничка обука која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствија на подморници и поморски сили.