Унгарија
Софија
Брисел
Прага
Лондон
Букурешт
Ромулус Русин-Сенди
Визер
Гардијан
Бугарско министерство за транспорт
Во вторник, 3 ноември, закани за бомби биле примени за најмалку четири летови во Европа, а сличен инцидент беше регистриран и претходниот ден. Поради извештаите, некои авиони беа пренасочени, а еден аеродром во Полска беше накратко затворен. По извршените безбедносни проверки, не беа пронајдени експлозивни направи.
Патнички авион на „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за бомба за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал патничкиот авион до безбедното слетување на меѓународниот аеродром „Франц Лист“ во Будимпешта. Информацијата ја потврди унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди, кој соопшти дека по добиената закана била активирана итна процедура за воздушна одбрана на НАТО.
Авион на компанијата „Виз Ер“ што леташе од Лондон до Софија денеска беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта откако за време на летот беше примена закана за бомба, објави авиокомпанијата. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Санди изјави дека е испратен унгарски борбен авион да го придружува авионот до Будимпешта, каде што безбедно слета на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“, пренесува „Скај њуз“. Компанијата „Виз Ер“ објави дека авионот е пренасочен во согласност со безбедносните протоколи и процедури, по што е паркиран на одреденото место, каде што надлежните служби започнаа безбедносна проверка на авионот и патниците.
Авион што леташе од Лондон кон Варшава денес изврши вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако е пријавено наводно поставена експлозивна направа во леталото. Поради тоа, аеродромот е затворен, соопштија претставници на аеродромот. Авионот слета во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави портпаролот на аеродромот „Варшава-Модлин“, Адам Шабловски, пренесува TVN24.
Од почетокот на неделата, најмалку 27 патнички авиони ширум Европа беа цел на серија закани за поставени бомби, при што денеска, по нови закани, полицијата интервенираше и на аеродромот во Копенхаген. Според информативниот портал DR.dk, полицијата во Копенхаген соопшти дека, врз основа на моменталните проценки, не постои опасност за патниците, вработените или другите лица на аеродромот. Данските медиуми пренесуваат дека заканите биле испратени преку електронска пошта, а од аеродромот ги известиле вработените дека примиле заканувачка порака која се однесува на конкретни летови.
Седум патнички авиони низ Европа, од кои два кои полетаа од Обединетото кралство, беа подложени на проверки по серија закани за поставени бомби. Два лета од Даблин и од Лисабон – беа претресени по слетувањето во Рим, откако биле добиени анонимни дојави. Сепак, експлозиви не биле пронајдени.
Европскиот воздушен сообраќај беше соочен со серија безбедносни инциденти во периодот од 2 до 5 ноември 2026 година, кога повеќе авиокомпании и аеродроми добија дојави за наводно поставени експлозивни направи во патнички авиони. Во овој период во најмалку 33 летови биле откажани заради дојавите.. Инцидентите биле пријавени во Италија, Ирска, Обединетото Кралство, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Финска, Австрија, Данска, Белгија, Португалија, Франција, Грција, Србија и Чешка.
Патнички авион на линијата од Даблин кон Рим денеска итно беше пренасочен и принудно слета на аеродром во Франција по добиена пријава за поставена експлозивна направа. Француските безбедносни служби веднаш активираа вонредни протоколи за проверка на леталото и патниците. Овој инцидент се случува само два дена по бранот слични лажни дојави кои предизвикаа сериозни прекини и кревање воени пресретнувачи во неколку европски земји.
Според медиумските извештаи, информацијата за присуство на експлозивна направа во авионот била добиена преку анонимен телефонски повик до контролната кула на аеродромот „Рим-Фјумичино“ – главниот аеродром што го опслужува италијанскиот главен град. Авионот требало да слета во главниот град во 11:00 часот. 📌 Wave of Hoax Bomb Threats Hits European Airports A Wizz Air flight from Prague to Rome was diverted to Venice following a bomb threat, Italian media reported.
Во авион што летал од италијанскиот град Пескара до аеродромот Шарлроа во Брисел е прогласен аларм, што се покажа како лажна, објавија денес италијанските медиуми. Кратко по полетувањето од Италија, во тоалетот на авионот е пронајдена порака на која пишувало „бомба“, по што пилотот веднаш ја известил контролата на летање, а откако авионот слетал во Брисел, бил инициран протокол за криза, објави порталот „Пескара“. Патниците биле безбедно евакуирани и темелно прегледани со помош на полициски кучиња за откривање експлозиви.
Бранот дојави за бомби што во четвртокот предизвика големи нарушувања во европскиот воздушен сообраќај продолжи и во петокот. Најновата безбедносна тревога е забележана на летот на „Рајанер“ (Ryanair) од Рим за Лисабон, откако португалската полиција добила предупредување за можна експлозивна направа во авионот. Нов случај на закана за бомба е забележан во петок наутро на летот на „Рајанер“ кој од Рим пристигнал во португалскиот главен град Лисабон, известува Euronews . Според пишувањето на CNN Portugal , португалската Полиција за јавна безбедност (PSP) добила телефонски повик од лице кое се претставило како службеник на орган за спроведување на законот, кое предупредило за можна експлозивна направа во авионот.