Милиони гласачи ширум Соединетите Американски Држави денеска гласаат за свои претставници во Конгресот, а анкетите непосредно пред изборниот ден проектираат дека опозицијата има шанса да ја преземе контролата и во Претставничкиот дом, и во Сенатот. Но, соочен со опасноста Демократите да имаат позначаен удел во обликувањето на последните две години од неговиот мандат, односно дека ќе можат да ги блокираат контроверзните планови на претседателот, да покренуваат истраги против негови соработници, па дури и да покренат импичмент против него, американскиот претседател Доналд Трамп своето последно појавување во јавност и објавите на социјалните мрежи во текот на изборниот ден ги посвети на промовирање на својот план за реновирање на рефлектирачкиот базен. И додека многумина од редовите на Републиканците приватно изразуваат загриженост за тоа каква изборна предност ќе донесе инсистирањето на промоцијата на овој непопуларен проект, кога за најголемиот дел од Американците поважно е намалување на цената на горивата, трошоците за живот и генералната состојба на економијата во државата, наместо преуредувањето на дел од националниот парк во престолнината Вашингтон, демократите се внимателни оптимисти.