Американски судија ја отфрли тужбата од 10 милијарди долари на претседателот Доналд Трамп против „Волстрит џурнал“, оценувајќи дека тужбата „се фаќа за сламка“. Трамп минатата година ја тужеше матичната компанија на медиумот, „Дау Џонс“, и нејзиниот лидер Руперт Мердок, откако таа објави писмо наводно напишано од Трамп до озлогласениот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн како дел од книга за роденден во 2003 година, пред Епштајн да биде обвинет за сексуални злосторства, објави Би-Би-Си . Трамп негираше дека го напишал или потпишал писмото, кое содржело сугестивен јазик и цртеж од контурата на женско тело. Судијата Дарин Гејлс го отфрли случајот, сметајќи дека тужбата е спротивна на Првиот амандман, кој ја штити слободата на печатот.