Саудиски државјанин вработен во компанијата „ОпенАИ“ (OpenAI), која го разви ChatGPT, е уапсен под сомнение дека поставил уред за прислушување во конференциска сала каде што често се разговара за компаниски тајни, соопштија компанијата и американското Министерство за правда. Случајот го истражува ФБИ, пренесе ДПА. Уредот за снимање бил откриен пред две недели и очигледно бил поставен во конференциската сала во Сан Франциско околу два дена претходно, соопштија истражителите.