Вежбата се одржа неколку дена откако Турција и Либија ратификуваа договор за поморска демаркација на кој се спротивставуваат Израел , Грција , Кипар и Египет, соопшти израелската војска. Во вежбата, која се одржа оваа недела, учествуваа израелски ракетни чамци и бродови од неколку грчки морнарички единици. Ја предводеа командантот на израелската морнарица, вицеадмиралот Ејал Харел и командантот на грчката морнарица, вицеадмиралот Димитриос-Елефтериос Катарас, заедно со началникот на штабот на грчките вооружени сили, генерал Димитриос Цупис, објави „Тајмс оф Израел“.