Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци се подготвува за можноста демократите да ја преземат контролата врз Конгресот. Белата куќа веќе изработила планови за да продолжи спроведувањето на значајни делови од неговата агенда преку извршната власт, истовремено подготвувајќи се за истраги за неговата администрација, потврдил за „Ројтерс“ функционер на Белата куќа и други двајца запознаени со плановите. Високи функционери, вклучувајќи го заменик-шефот на кабинетот, Стивен Милер, и директорот за буџет, Расел Воут, соработуваат со Канцеларијата на советникот на Белата куќа од април за да идентификуваат извршни мерки за имиграцијата, царините, трошоците за домување и федералните трошоци што Трамп би можел да ги преземе без одобрение од Конгресот, рекле три лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни.