Републиканците што претседаваат со одбори во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побараа од извршниот директор на технолошката компанија „Nvidia“, Џенсен Хуанг, зад затворени врати да го извести Конгресот за своите наводни врски со жена обвинета за шпионирање во корист на Кина, пренесе денеска порталот „Axios“. Како што се наведува, од него е побарано да го објасни својот однос со Алис Хуанг, директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“, обвинета за шпионирање во корист на Кина. Повикувајќи се на пишувањето на весникот „The New York Times“, порталот пренесе дека Џенсен Хуанг и Алис Хуанг наводно биле во „блиски“ односи.