САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведува. САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски воени претставници. Првите елементи од баталјон од 600 војници од елитната 10-та планинска дивизија, со седиште во Форт Драм, Њујорк, веќе тргнаа кон нов центар за обука во панамската џунгла.