Луизијана
Џим Џордан
Мајк Џонсон
Конгрес
Претставнички дом
Комитет за правосудство
Републиканска партија
Многу Американци кои гласаа за републиканците на претседателските избори во 2024 година се префрлија на демократите на среднорочните избори поради војната против Иран и поврзаните незадоволства, изјави американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. Републиканците ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот во вторникот, при што демократите победија на трките во Претставничкиот дом и Сенатот дури и во традиционалните упоришта на Републиканската партија како што е Тексас. Во објава на X, Венс предупреди дека некои ќе се обидат да ја „засјаат“ јавноста за исходот, иако „вистинската причина зошто загубивме е очигледна засите“.
Предвременото гласање за претстојните избори во Соединетите Американски Држави бележи исклучително висока излезност која драстично ги надминува параметрите регистрирани за време на претходните среднорочни избори. Според последните пресметки, повеќе од 43 милиони американски граѓани веќе го оствариле своето гласачко право, при што најсилен интензитет на излезност се забележува во сојузните држави каде што се водат клучни и тесни дуели за контрола врз Сенатот. Значителен скок на активноста на гласачите е евидентиран во Тексас, каде што покрај неизвесните битки за места во Сенатот и во Претставничкиот дом, се води и директна трка за гувернерската функција.
Денеска во САД се одржуваат меѓуизбори (избори на средината на претседателскиот мандат), на кои гласачите избираат нов состав на Конгресот, а исходот може значително да ги одреди рамките и можностите за спроведување на политиките во преостанатиот дел од претседателствувањето на Доналд Трамп. Изборите ќе одлучат дали републиканците на Трамп ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот….
Демократите го презедоа мнозинството и во Претставничкиот дом, што им дава силно политичко оружје да блокираат одлуки на претседателот Трамп. До потребното мнозинство од 218 конгресмени стигнаа уште пред да бидат познати резултатите од 90 преостанати изборни трки. Претходно републиканците останаа без мнозинство и во Сенатот, откакоизгубијанајмалку седум места.
Демократите ја презедоа контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, откако Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ги загуби мнозинствата и во Претставничкиот дом и во Сенатот, пренесуваат американските медиуми. Овој исход претставува голем политички неуспех за Трамп, кој меѓуизборите ги претвори во референдум за сопствената политика. Со контролата врз двата дома на Конгресот, демократите ќе имаат значително поголемо влијание врз законодавниот процес, додека можностите на претседателот да ја спроведува својата политичка агенда ќе бидат ограничени.
Евентуалниот пораз на Републиканската партија на претстојните меѓуизбори би можел да ѝ обезбеди на Европа посилна поддршка во американскиот Конгрес, додека на просторот на Западен Балкан би донел поактивно и позасилено политичко влијание од Вашингтон. Државата која најсилно би го почувствувала новиот бран на американски дипломатски и институционален притисок би била токму Босна и Херцеговина. Сепак, дури и доколку Демократската партија успее да освои мнозинство во еден или во двата дома на законодавниот дом, Трамп ќе ги задржи клучните надлежности и овластувања кои произлегуваат од водењето на надворешната политика на земјата.
Милиони гласачи ширум Соединетите Американски Држави денеска гласаат за свои претставници во Конгресот, а анкетите непосредно пред изборниот ден проектираат дека опозицијата има шанса да ја преземе контролата и во Претставничкиот дом, и во Сенатот. Но, соочен со опасноста Демократите да имаат позначаен удел во обликувањето на последните две години од неговиот мандат, односно дека ќе можат да ги блокираат контроверзните планови на претседателот, да покренуваат истраги против негови соработници, па дури и да покренат импичмент против него, американскиот претседател Доналд Трамп своето последно појавување во јавност и објавите на социјалните мрежи во текот на изборниот ден ги посвети на промовирање на својот план за реновирање на рефлектирачкиот базен. И додека многумина од редовите на Републиканците приватно изразуваат загриженост за тоа каква изборна предност ќе донесе инсистирањето на промоцијата на овој непопуларен проект, кога за најголемиот дел од Американците поважно е намалување на цената на горивата, трошоците за живот и генералната состојба на економијата во државата, наместо преуредувањето на дел од националниот парк во престолнината Вашингтон, демократите се внимателни оптимисти.
Меѓуизборите во САД се оцртуваат како пресвртна точка во вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. Анкетите укажуваат дека Републиканците на Трамп би можеле да го изгубат своето тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а можеби дури и во Сенатот – но овој исход е далеку од извесен и во многу изборни единици ривалските кандидати се изедначени. За што точно се гласа?
Во Соединетите Американски Држави денеска се одржуваат меѓуизбори, на кои граѓаните ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом, 35 сенатори и гувернери во 36 сојузни држави. Републиканците на претседателот Доналд Трамп го бранат тесното мнозинство во Конгресот, додека демократите се обидуваат да ја преземат контролата врз законодавната власт. Предвреме гласале околу 54,5 милиони Американци.
Последните анкети пред денешните меѓуизбори во САД покажуваат значителна предност на демократите пред републиканците. Според просекот на истражувањата што го следи Силвер билтен, Демократската партија има предност од 8,9 проценти. Околу 51 отсто од испитаниците ги поддржуваат демократите, а околу 43 отсто републиканците, на прашањето за која партија би гласале на изборите за Конгресот.
Среднорочните избори во САД на 3. ноември 2026. година не донесоа само нов однос на силите во американската политика. Во повеќе сојузни држави гласачите избраа кандидати со кои беа урнати бариери стари со децении, а во некои случаи и колку самата американска држава. Кејша Ленс Ботомс стана првата црна жена избрана за гувернер во историјата на САД, Деб Халанд – првата домородна Американка на гувернерска функција, Пеги Фланаган – првата домородна Американка во Сенатот, а Абдул Ел-Сајед – првиот муслиман избран за американски сенатор.
Историски изборен ден за демократите, но не поради големата победа со која ја освоија контролата над американскиот Конгрес, туку затоа што успеаја да продрат длабоко во традиционално републиканска територија на вчерашните среднорочни избори и да извојуваат победи во темно црвени држави. Во сојузни држави како Тексас, Канзас и Охајо кандидатите на демократите најчесто беа статисти, но овојпат успеаја да ги надминат очекувањата. Џејмс Таларико е првиот демокrат избран за сенатор во Тексас после речиси 30 години, но уште поневеројатен е резултатот во Канзас, каде Адам Хамилтон стана првиот избран демократ за сенатор од 1932 година.
Демократката Кеиша Ланс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, со што стана првата црна жена избрана на чело на некоја американска сојузна држава. Поранешната градоначалничка на Атланта, која воедно е и првата жена гувернер на Џорџија, го совлада републиканскиот претприемач Рик Џексон, покажуваат проекциите на американските медиуми. На челото на оваа сојузна држава таа ќе го наследи републиканскиот гувернер Брајан Кемп, кој си заминува од функцијата по два последователни мандати.
Изборите на средината на претседателскиот мандат, одржани вчера во Соединетите Американски Држави, ставија крај на републиканската доминација и во Претставничкиот дом и во Сенатот, но урнаа и неколку симболични бариери, овозможувајќи им на демократите од малцинските заедници да дојдат до највисоките политички функции. Киша Ленс Ботомс е избрана за гувернерка на Џорџија, со што стана првата Афроамериканка на таа функција во историјата на Соединетите Американски Држави. На својата интернет-страница за време на предизборната кампања се претстави како потомка на семејство робови од плантажа во Џорџија, сојузна држава на американскиот Длабок Југ, регион обележан со ропство, сегрегација, а подоцна и со борбата за граѓански права.
Иако 39-годишниот сенатор досега ја исклучи можноста за претседателска кандидатура, сè поголем број политички аналитичари го препознаваат како потенцијален кандидат кој би можел да ја обедини Демократската партија и да застане наспроти републиканците во трката за Белата куќа. Победата на Ософ беше толку убедлива што независната организација за следење на изборите „Дисижн Деск“ го прогласи за реизбран само 18 минути по затворањето на гласачките кутии. Ваквиот брз исход поттикна и јавни коментари од водечки аналитичари, кои оценија дека со оваа победа практично започнува патот кон неговата претседателска промоција.
Иако 39-годишникот досега ја исклучи можноста за кандидатура за претседател, сè повеќе политички аналитичари го гледаат како потенцијален кандидат кој ќе ја обедини Демократската партија и ќе се соочи со републиканците во трката за Белата куќа, објавува „Дејли меил“. Победата на Ософ беше толку убедлива што независната организација за следење на изборите „Дишиншн Деск“ го прогласи за реизбран само 18 минути по затворањето на гласачките места. Политичкиот аналитичар на Си-Ен-Ен, Кејси Хант, веднаш рече: „Вечерва е првиот ден од претседателската кампања на Џон Ософ“.