Ова е прва смрт предизвикана од оваа болест во тој дел на Соединетите Американски Држави во последните 30 години, објави Асошиетед прес. Повторната појава на сипаници предизвикува загриженост кај властите во Њујорк , во време кога расте недовербата кон вакцинациите, а државата прогласи вонредна состојба во октомври. „Срцето ми е скршено кога дознав дека едно дете во округот Луис почина откако се зарази со сипаници“, рече демократската гувернерка на државата Њујорк, Кети Хочул.