Танкер во Ормуската Теснина денеска е погоден од две експлозивни направи прикачени на чамец, предизвикувајќи пожар во машинскиот оддел и привремено онеспособувајќи го бродот, објави Британската агенција за поморска трговија (UKMTO). Екипажот е безбеден, нема последици врз животната средина, а пожарот е изгаснат, се наведува во последното известување на UKMTO, во кое се наведува дека бродот продолжил да плови кон своето следно пристаниште. Инцидентот се случи вчера, на 25 наутички милји североисточно од оманскиот град Хасаба, објави UKMTO. Сè уште не е познато кој стои зад овој напад.