Цените на нафтата пораснаа во петокот на меѓународните пазари кон 118 долари, а стравот на трговците од можен нов американски напад врз Иран по изборите за Конгресот и „температурата“ во Хормуз се зголеми. Во Лондон, со барелот за испорака во декември попладнево се тргуваше по цена од 2,79 долари повисока отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 117,67 долари. На американскиот пазар барелот беше поскап за 2,30 долари и изнесуваше 104,30 долари.