„Mahindra“ го претстави значително унапредениот „Thar OG“, теренец кој со својот дизајн потсетува на „Jeep Wrangler“ Моделот доби нова шасија, помоќни мотори и дополнителна технологија преземена од поголемиот „Thar Roxx“ со 5 врати. Однадвор, промените се забележуваат преку новата маска со пет отвори, поизразениот браник, „LED“ фаровите со дневни светла во облик на буквата „C“ и поинаквите калници. Тука се и „LED“ задните светла, како и 19-инчните бандажи кај најскапата верзија.