Отсекот за превенција во соработка со Општинскиот совет за детското престапништво, започна кампања за безбеден јавен превоз на патници и ученици во Куманово. Кампањата е насочена кон сите фирми што вршат автобуски јавен превоз на патници, со цел да користат технички исправни возила и навреме да ги отстрануваат евентуалните дефекти. „Апелираме до сите сопственици и возачи на автобуси, како и до сите што вршат јавен, меѓуградски, меѓуопштински и превоз на ученици, да се однесуваат најсериозно и навреме да го отстрануваат и најмалиот дефект, како и редовно да вршат технички преглед на секои шест месеци.